Каратето и дефинитивно нема да биде дел од ЛОИ 2024 во Париз

Меѓународниот олимписки комитет донесе дефинитивна одлука со која каратето нема да биде дел од Летните олимписки игри во Париз 2024 година.

Раководството на светската карате федерација направи се што можеше како би успеале да ја променат одлуката која веќе од поодамна беше донесена.

„Вратите дефинитивно се затворени за каратето“, изјави директорот на ИОК, Кит Меконел. 

Македонија имаше свој претставник на игрите во Токио во карате каде настапи каташката Пулексенија Јованоска.

Се вчитува...