Каратистите Трајковски и Стојановиќ освоија бронзени медали на ЕП за младинци во Кипар

Македонските каратисти Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ се закитија со бронзени медали на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 кое викендов се одржа во Ларнака, Кипар.

Трајковски и Стојановиќ запишаа голем успех за македонското карате, продолжувајќи ја својата низа медали на големите натпреварувања откако минатата година освоија сребрени медали на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Коња, Турција.

За жал, Викторија Јовановска не успеа да донесе уште еден бронзен медал за Македонија. Нејзината борба со Мартина Куртеш  од БиХ заврши 3-3, но противничката прва освои поен во продолжението и затоа се закити со бронзениот медал.

На Европското младинско првенство настапија 1136 каратисти од 41 држава од Европа.

Се вчитува...