Каратистите заминаа за Париз по олимписка виза

Најдобропласираните каратисти на Олимписката ранкинг листа и избраници на своите селектори во борби Сашко Арсовски и во кати Стојан Андриевски заминаа за претстојниот Квалификацискиот турнир „Токио 2020“ што ќе се одржи од 11-13 јуни во Париз, Франција. Победникот во секоја тежинска категорија обезбедува директен пласман и учество на Летните олимписки игри што ќе се одржат во Токио од 05-07 август.

Според официјалните олимписки тежински категории во машка конкуренција во борби ќе настапат:
Емил Павлов -67кг;
Петар Заборски -75кг;
Берат Јакупи +75кг,

Во борби – женска конкуренција:
Симона Заборска -55кг;
Вероника Костовска -61кг;
Ангела Мојсовска +61кг.

Во дисциплината кати ќе настапи Пулексенија Јованоска.

На овој Квалификациски турнир ќе настапат 495 натпреварувачи од 98 земји.

Се вчитува...