Каратистката Јованоска деветта на игрите во Токио

Најдобрата македонска каташка во историјата, Пулексенија Јованоска го освои деветтото место на премиерното издание на карате на Летните олимписки игри.

Таа во дисциплината ката оствари резултати од 23.80 и 24 поени, што беше доволно за просечен резултат од 23.90 што и го донесе деветтото место од вкупно десет каташки кои изборија учество на игрите во Токио.

Јованоска беше претпоследната македонска претставничка на игрите во Токио, а останува уште настапот на Магомедгаџи Нуров во борење слободен стил кое на програмата е утре.

Се вчитува...