Каратистот Петар Заборски освои бронза за Македонија на ЕП во Софија

Македонскиот каратист Петар Заборски стигна до бронзен медал на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и младинци до 21 година, што се одржува во Софија (Бугарија). Тој е единствениот од нашите претставници кој успеа да се закити со медал на овој шампионат. Заборски ја загуби првата борба од Унгарецот Габор Хараспуки со 0-3 на поени, но потоа беше одличен во репасажот.

Тој беше подобар од Словенецот Ардит Рушити со 2-0, го победи Србинот Ѓорѓе Салапура со 1-0, а во битката за бронзениот медал успеа да го совлада и Ерменецот Серјожа Саргасјан со 2-0 на поени.

Петар Спасеновски стигна до полуфиналната борба, но таму беше дисквалификуван од суиите поради влечење, иако имаше водство од 2-1. Тој исто така беше блиску до медал, но судиските одлуки ги пореметија неговите планови.

Се вчитува...