Карчев: Локомотива беше жртва на судиска кражба, ФФМ нека ја разгледа снимката

Локомотива загуби со 2-1 на гостувањето против Еуромилк во денешното коло од Втората лига Запад, а тренерот Никола Карчев за тоа ги обвинува судиите, на чело со Фатон Мустафи. Тој истакна дека неговиот тим бил жртва на судиска кражба и бара од надлежните во ФФМ да ја разгледаат видео-снимката од натпреварот.

„Горд на овие момци!!!! Господа од ФФМ сакам да ве запрашам до каде можете да одите за кого овие момци тренираат за кого???Како утре да им објаснам како да ги мотивирам како да им кажам дека се на прав пат како???До кога??? Никогаш не коментирам но сега морам, на кого му смета ФК Локомотива на кога му смета нашата, мојата работа. Денеска на првенствениот натпреварот со Еуромилк бевме сведоци на фудбалска кражба од судијата ФАТОН МУСТАФИ со неговите помошници Небојша Георгиевски и Дарко Јовчевски. Ве замолувам добро да погледнете и увидите што точно се случуваше денеска. Уште еднаш ќе повторам горд сум на овие момци, горд на мојата работа на моите помошници и ќе ве запрашам на крај?? Зашто се едуцираме, посетуваме семинари за што да ја омаловажуваат нашата работа, кој???? Па запрашајте се вие господа за кој??? Ако сакате фудбалот да оди напред преземете нешто. И за крај ќе кажам јас Никола Карчев после ова мое пишување можеби ќе ме нема, но да знаете затоа сме на вакво ниво зашто сите ќутиме и замижуваме. Еден два три Локоси!!!!!“, објави тренерот на Локомотива, Никола Карчев.

Се вчитува...