Карено-Буста пред мечот со Ѓоковиќ – Тоа на УС опен беше пех, грешка што на секој може да му се случи

Воочи дуелот со Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос, шпанскиот тенисер Пабло Карено Буста говореше за дуелот на УС опен на кој Србинот доживеа дисквалификација. Карено-Буста беше ривал на Ѓоковиќ во мечот во кој тој несмасно ја погоди главната судијка по што беше дисквалификуван.

„Мислам дека тоа беше пех. Ова е тешка ситуација за него. Знам дека не сакаше тоа да го направи. Понекогаш е подобро да се заборави и да се продолжи понатаму. Мислам дека Новак е неверојатен тенисер, и одлична личност. Понекогаш не можеме да ги контролираме емоциите. Мораме тоа да го направиме. Понекогаш не е лесно. Ќе биде тежок натпревар. Го освои Рим пред две седмици, а лесно добива мечеви и во Париз“, изјави Карено-Буста. 

Натпреварот од четвртфиналето е закажан за среда, а тениската јавност го очекува поради целата ситуација која што се случи на УС опен.

Се вчитува...