Кари беше фантастичен, но Торонто го врати „брејкот“

Стеф Кари го одигра својот најдобар меч во овој плејоф постигнувајќи 47 поени, но и тоа не беше доволно за Голден Стејт да ја искористи предноста на домашниот терен и да поведе со 2-1 против Торонто. Наместо тоа, гостите од Канада доминираа цел натпревар и заслужено тримфираа со 109-123, враќајќи го „брејкот“ што шампионатите го направија во вториот меч од оваа финална серија.

Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека Голден Стејт водеше само еднаш во 48 минути игра, и тоа на самиот почеток. Предноста на „рептилите“ се движеше околу десет поени разлика, на одмор се замина со 52-60, за гостинскиот тим потоа умешно да ја задржи предноста до самиот крај.

Каваи Ленард со 30 поени и седум скокови беше главна фигура во победничкиот тим, а одличен беше и плејмејкерот Лаури, со 23 поени и 9 асистенции. Кари беше феноменален, но немаше доволно помош од соиграчите, Грин постигна 17, а двоцифрен ефект имаше само уште Игудала (11).

Се вчитува...