Стеф Кари и пред самиот крај на кариерата е „магнет“ за правење пари преку спонзорски договори. Доказ за тоа е последниот договор што најдобриот шутер на денешницата го потпиша, и тоа со кинескат акомпанија за спортска опрема „Ли Нинг“.
Кинезите се обврзале глобално да го шират неговиот “Curry Brand”, да продаваат најразлични производи вклучувајќи тука и комплетна линија опрема за голф, за што ќе платат неверојатни 1,19 милијарди долари за наредните десет години.
Кари во последните дванаесет години беше заштитно лице на американската компанија „Андер Армор“, но Американецот се реши да го промени партнерот, за нов избирајќи го токму „Ли Нинг“.
„Партнерството на Кари е голема победа за Ли Нинг, со која кинескиот бренд докажа дека може да се натпреварува со глобални гиганти како Адидас и Најки во привлекувањето на врвни спортисти кои се суперѕвезди“, задоволни се од кинеската компанија за спортска опрема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
