Кари ќе биде подготвен за мечот против шампионот?

Првата ѕвезда на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, би можел да биде подготвен за натпреварот на неговиот тим против Торонто Репторс кој на програмата е в четврток. Кари сезонава одигра само четири натпревари пред да ја скрши раката во октомври минатата година. Првичниот план беше тој да биде подготвен за мечот против Вашингтон Визардс кој се играше во неделата, но од тимот соопштија дека би требало да се врати во текот на март. Во меѓувреме тој тренираше со тимот на Голден Стејт во развојната лига.

„Слушнав дека таму прошло се како што треба. Важно беше физички да може да види колку е подготвен. Уште не разговарав со него, но лекарскиот тим ми кажа дека се е во ред. Тоа е добар знак и затоа четврток е веќе опција“, изјави Стив Кер.

Голден Стејт сезонава има најлош скор во НБА со само 14 победи и 48 порази.

Се вчитува...