Кари, Леброн, Харден, Дурент, Ленард – петорката на деценијата во НБА

Стеф Кари, Џејмс Харден, Леброн Џејмс, Кевин Дурент и Каваи Ленард се петтемина кошаркари кој ја обележаа изминатата деценија во НБА лигата. Тие се најдоа во изборот на првата петорка кој го направија аналитичарите на официјалната страница на лигата како и на НБА ТВ.

Во анализата в предвид се земени резултатите постигнати во перодот од сезоната 2009/10 до сезоната 2018/19.

Во вториот се се Крис Пол, Расел Вестбрук, Ентони Дејвис, Блејк Грифин и Кармело Ентони. Вo третата петорка на деценијата според овој избор се најдоа Двејн Вејд, Коби Брајант, Пол Џорџ, Ламаркус Олдриџ и Јанис Адетокумбо.

 

 

 

Се вчитува...