Кари се враќа на паркетот против Вашингтон

Првата ѕвезда на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе биде подготвен за натпреварот против Вашингтон Визардс кој на програмата е закажан за в недела. Кари не играше уште од 30. октомври кога на натпреварот со Феникс Санс заработи скршеница на левата рака. Тој изминатиот период тренираше со тимот по што медицинскиот персонал му даде дозвола за враќање на паркетот.

„Стеф делува одлично. Мислам дека е важно тој и Вигинс да почнат да играат заедно како би се запознале подобро. Имаме млад тим кој се обидуваме да го научиме бидејќи ростерот е многу поразличен од претходните години и Стеф мора тоа да го почувствува“, изјави тренерот на Вориорс, Стив Кер. 

 

Се вчитува...