Кари „спиеше“ 20 минути, па се разбуди – Голден Стејт израмни

Голден Стејт славеше на гостувањето против Торонто со 104-109, успевајќи да израмни на 1-1 во финалната серија во пресрет на трите натпревари во низа на кои сега „воините“ ќе ја имаат улогата на домаќини.

Стив Кер мора да биде презадоволен од покажаниот карактер на своите „пулени“, особено по катастрофалната игра во првите дваесетина минути. Стеф Кари 20 минути беше без погоден шут од поле, а Торонто го искористи тоа и поведе со 12 поени разлика. Асот на шампионот се разбуди пред крајот на првото полувреме, по што „воините“ влегоа во својот препознатлив ритам и со серија од 18-0 го свртеа резултатот во своја полза. Торонто пред самиот крај со поените на Дени Грин се приближи на 104-106, но Игудала со тројка ја запечати победата на Голден Стејт на оваа средба.

Клеј Томпсон со 25 поени беше прв стрелец на актуелниот првак, Кари постигна 23 поени, а Дрејмонд Грин беше на чекор до трипл-дабл (17 поени, 10 скокови, 9 асистенции). Во таборот на Торонто најдобар поединец беше Ленард со 34 поени и 14 скокови.

Се вчитува...