Кари во елемент, Голден Стејт поведе (ВИДЕО)

Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт поведе во финалето од Западната конференција со 1-0 во победи откако го доби дуелот број еден во серијата со Портланд. Во отсуство на Кевин Дурент, Стеф Кари беше креаторот на успехот, постигна вкупно 36 поени и девет тројки во триумфот од 116-94. „Вориорс“ постигна вкупно 17 тројки.

Во дуелот кој го играше на домашен терен, Голден Стејт беше постојано во предност, во неколку наврати Портланд успеа да се приближи, но ниту еднаш вистински да ја загрози победата на бранителот на трофејот. И вториот натпревар ќе биде одигран во Оукленд, а потоа серијата ќе се пресели кај Портланд.

Покрај Кари, Клеј Томпсон имаше одлично издание, постигна 26 поени, а Дрејмонд Грин имаше дабл-дабл ефект од 12 поени и 10 скока.

Демијан Лилард беше прв стрелец кај Портланд со 19 поени, Си Џеј Мекалум, Родни Худ и Морис Харклес постигнаа по 17, а Енес Кантер имаше 10 поени и 16 скока.

Вториот натпревар од серијата е по два дена. Источното финале во кое се среќаваат Милвоки и Торнто почнува ноќеска.

Се вчитува...