Карик: Нерешените резултати не ’убиваат’, сакаме триумф над Челси

Манчестер јунајтед денеска (17 часот) го пречекува Челси во дербито на колото во Премиер – лигата, а искусниот Мајл Карик се надева дека „црвените ѓаволи“ конечно ќе се претстават во вистинско издание и ќе забележат победа. Тимот на Жозе Мурињо има неверојатно многу нерешени резултати на „Олд трафорд“ оваа сезона. На тоа не е навикнат Мајкл Карик.

„Верувајте, нерешените исходи на домашен терен едноставно не ’убиваат’. Се трудиме максимално, понекогаш среќата не е со нас, имаме многу шанси, не реализираме, и потоа ќе примиме некој ’глупав’ гол и победата ќе ни избега. И тоа се повторува многу, многу пати оваа сезона на „Олд трафорд“. Се надевам дека денеска конечно ќе одиграме на високо ниво и ќе успееме да го совладаме Челси. Тоа за нас ќе биде огромна мотивација за завршницата од сезоната“, вели играчот за врска на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...