Еден од најголемите кошаркари во историјата, Карим Абдул – Џабар, реши да ги продаде најценети трофеи, како и индивидуалните награди и признанија. Меѓу нив и шесте шампионски прстени од НБА – лигата. Начелно, цената на еден шампионски прстен ќе изнесува околу 60.000 американски долари.
Тој со парите од продажбата ќе ја финансира добротворната организација „Скајхук Фондејшн“ која работи со деца во областа на технологијата, инженерските науки и математиката.
Џабар е рекордер по бројот на постигнати поени на сите времиња во НБА – лигата, вкупно 38.387 поени. Тој 19 сезони беше дел од „натпреварот на сите ѕвезди“ во најсилната кошаркарска лига во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА