„Кариоките“ подобри од Австрија… Мајстории на Нејмар и Кутињо! (ВИДЕО)

Во последната контрола пред стартот на Светското првенство во Русија, Бразил лесно стигна до триумф против Австрија со 0-3.

Австријците не можеа против најразиграните меѓу „кариоките“, феноменалните Нејмар и Кутињо кои предводеа во победата на својата селекција.

Бразил најпрво дојде до водство во 36. минута со голот на Габриел Хесус…

Во вториот дел, најпрво Нејмар со вистинско ремек дело зголеми на 0-2 во 63. минута, а потоа во 69. минута на 0-3 заокружи Кутињо.

Се вчитува...