Плејмејкерот на Партизан, Карлик Џонс, го покани легендарниот Шакил О’Нил да дојде во Белград на некој натпревар од Евролигата и да ги види и слушне “Гробарите“.
Шакил О’Нил и Арвидас Сабонис го гледаа дуелот меѓу Жалгирис и Олимпијакос во Каунас од првиот ред, а лидерот на Партизан имаше порака за легендарниот центар.
„Нека му каже некој на Шек дека треба да дојде да го види ‘Гробарите’“, напиша Карлик Џонс на Инстаграм.
Подоцна истата вечер, тимот на Жоан Пењароја го победи Париз како гостин, во атмосфера што беше речиси како дома.
Партизан моментално има две победи од исто толку натпревари, следниот натпревар го играат во петок на гости против Баерн во Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
