Карлос Сајнц најдобар на шестата етапа на релито Дакар

Карлос Сајнц на Мини е победник на шестата етапа на релито Дакар која денеска се возеше од Ал Касумах до Хаил. Етапата долга 618 километри, од кои специјалот беше долг 448, Сајнц ја помина за 3:38:27 часа, што беше за 4:03 минути подобро од второпласираниот Јазед Ал Раџи на Тојота. Третото место му припадна на Насер Ал Атијах исто така на Тојота.

Во генералниот пласман Стефан Петерхансел останува прв иако денеска заврши само четврти. Второто место се уште го држи Насер Ал Атијах, додека трет е Карлос Сајнц. Во категорија на мотоциклисти победа денеска забележа Жоан Бареда Борт, пред Рос Бранч и Даниел Сандерс. Во генералниот пласман Прв е Тоби Прајс, пред Кевин Бенавидес и Хозе Игнасио Корнехо.

Утре е единствениот ден одмор на годинашното издание на Дакар.

Се вчитува...