Никола Ѓорѓиев летово ќе има нова средина. Искусниот одбојкар си заминува од чешкиот тим Карловарско, со кој ја освои титулата во домашниот шампионат.
Тимот не го заборава придонесот на македонскиот репрезентативец, и во емотивна објава се збогуваше од него, заблагодарувајќи му се на ангажманот и на освоената титула.
„Никола дојде кај нас кога баравме замена за Михал Фингер. И се потврди она што го кажува нашиот партнер и доктор Олда Вастл – кога сакаш да освоиш титула, ти треба врвна клупа и квалитет и во играчките способности и во карактерот. Никола го исполни сето тоа во целост. Спаси неколку натпревари и практично го повлече целиот тим кон титулата. Ти благодариме!“, стои во објавата на Карловарско на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
