Кармело Ентони добива договор до крајот на сезоната

Кармело Ентони ќе остане во Портланд Треилблејзерс и ќе добие гарантиран договор до крајот на сезоната, пренесуваат американските медиуми.

Ентони долго не можеше да најде клуб, а многу сметаа дека по претходната сезона која беше далеку од добра ќе се пензионира. Сепак, тој не се предаваше и успеа да најде нов ангажман во Портланд, каде со одличните игри успеа да заработи и гарантиран договор. Тој на осум натпревари за новиот клуб просечно бележи по 16,9 поени.

 

Се вчитува...