Каролина Плишкова ќе го пропушти Австралија опен

Четвртата тенисерка во светот, Каролина Плишкова поради повреда ќе мора да го пропушти првиот гранд-слем во сезоната, Австралија опен.

Полуфиналистката од Мелбурн од 2019 година се повредила на тренинг во средата, па поради тоа нема да може да се опорави до почетокот на Австралија опен.

„За жал ја повредив шаката на десната рака на тренинг и нема да можам да играм во Аделаид, Сиднеј и на Австралија опен“, соопшти чешката тенисерка.

Првиот гранд-слем во сезоната почнува на 17. јануари.

 

Се вчитува...