Карсен Едвардс е супер-засилување за Жалгирис

Американскиот кошаркар Карсен Едвардс е нов член на Жалгирис, објави денеска литванскиот клуб. Како што беше објавено, 28-годишниот бек, кој минатата сезона играше во Виртус, потпиша договор на една плус една година.

По Сејбен Ли, Мариус Григонис, Максвел Луис, Стерлинг Браун и Јонас Валанчиунас, пристигна уште едно големо засилување. На изненадување на многумина, Едвардс минатото лето заврши во Виртус и, исто како и во Баерн, беше најдобриот поединец на тимот. Американецот во елитното натпреварување имаше просек од 17,3 поени, 2,2 скока и 2,3 асистенции.

Се очекува тој да го замени Силвен Франциско и да биде лидер на тимот. Пред Виртус и Баерн, Едвардс играше и за Фенербахче во Евролигата.

 

Се вчитува...