Картер испишува историја – Ќе игра и 22. сезона во НБА

Легендарниот кошаркар Винс Картер потврди дека и следната сезона ќе биде дел од најсилната кошаркарска лига во Светот. Искусниот крилен кошаркар минатата сезона ја помина во Атланта, а следната ќе му биде 22. во кариерата со што ќе избие на првото место на вечната листа.

„Само уште една сезона и тоа е тоа“, изјави Картер за ЕСПН.

Четириесетидвегодишниот Картер го дели првото место по бројот на сезони поминати во НБА лигата заедно со Роберт Париш, Кевин Вилис, Кевин Гарнет и Дирк Новицки со по 21 сезона.

Се вчитува...