Картер: Ова не е последна сезона за мене во НБА

Играчот на Атланта Хоукс и највозрасниот активен кошаркар во НБА лигата, Винс Картер најавува дека ова нема да е последна сезона за него во најквалитетната кошаркарска лига во светот.

„Мислам дека би можел да ја продолжам кариерата на уште една година. Обично на крајот на секоја сезона седнувам и размислувам како се чувствувам. Ако на телефон заѕвони некој од клубовите и покаже дека е заинтересиран за мене, тоа е добро, зарем не“ – рече во разговор за ЕСПН Картер.

Уште еден податок поради кој сите љубители на НБА лигата сметаат дека ова не е последна сезона за „Винсанити“ е таа што за разлика од Двејн Вејд и Дирк Новицки, тој не доби специјална покана за Олстар натпреварот.

Иако има 42 години за Картер се уште има место во лигата. Оваа сезона тој во екипата на Атланта постигнува по 7.1 поен по натпревар, а за три поени има реализација 40,6%.

„Мислам дека можам да играм уште една сезона. Зошто да не“ – заклучи Картер, кој ја игра 21-та сезона во НБА.

Во кариерата има просек од 17,3 поени по натпревар.

Се вчитува...