Легендарниот капитен на Реал Мадрид, Дани Карвахал, синќоќа го одигра својот последен натпревар за „кралскиот клуб“ во победата од 4-2 против Атлетик Билбао во последното сезонско коло во Ла Лига.
Преполниот „Сантијаго Бернабеу“ со долги овации под силни емоции се збогуваше со Карвахал кој не можеше да ги сокрие солзите пред навивачите.
„Цел ден сум растревожен, уште уште кога го видов тренинг-центарот почнав да плачам. А кога го доживувам сето ова, пак, и овациите од трибините, едноставно е незаборавно. Носам само благодарност за овој клуб и за навивачите. Уживав како дете од првиот до последниот ден. Можеби повторно ќе се вратам тука, во мојот дом, во поинаква улога, но секогаш подготвен за Реал“ – рече Карвахал.
Шпанскиот бек истакна дека неговата кариера во Реал ги надминала сите соништа.
„Реал Мадрид не е само клуб… Реал е повеќе од тоа. Реал е мојот живот. Тука сум 23 години, поминав низ сите категории и ги освоив сите можни трофеи. Бев и капитен… Не можам да посакам повеќе. Тешко ми е ова заминување, но си одам среќен и исполнет. Ако некој ми кажеше кога бев дете дека ќе имам ваква кариера, немаше да поверувам. Срцето ми е засекогаш тука со Реал“ – рече Карвахал.
𝐷𝑎𝑛𝑖𝑒𝑙 𝐶𝑎𝑟𝑣𝑎𝑗𝑎𝑙 𝑅𝑎𝑚𝑜𝑠
🤍 La despedida de una 𝐋𝐄𝐘𝐄𝐍𝐃𝐀 del @realmadrid.
LALIGAHighlights | DesenlaceLALIGA pic.twitter.com/E5z7zYjDDk
— LALIGA (@LaLiga) May 23, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
