Касано брутално искрен: Златан и Лукаку не може да се споредуваат…

Големото дерби меѓу Интер и Милан е на програмата вечерва во 4. коло од Серија А. Клупскиот фудбал се враќа во најдобро светло во Италија, по репрезентативната пауза, со спектаклот на „Џузепе Меаца“.

Во пресрет на дуелот и легендарниот Антонио Касано, кој во кариерата играше и за двата клуба, со свој став на прашањето да направи споредба меѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромел Лукаку. И, како и секогаш, Касано брутално искрен…

„Златан е најдобар играч во Серија А. Лукаку е млад и талентиран, но не може да се спореди. Кога имате 39 години и играте на такво ниво, тоа е едноставно неверојатно. Лукаку е физички силен, но тоа не е доволно затоа што Ибра има многу поголем квалитет. Ибра е на рангот на Роналдо и Ван Бастен“ – вели Касано.

 

 

Се вчитува...