Касано ќе игра во петта лига во Италија

Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано го раскина договорот со Сампдорија и кариерата рекреативно ќе ја продолжи во Сампијердаренезе, клубот од петтата по ранг лига во италијанскиот фудбал. Агентите на 34-годишниот напаѓач, кој во кариерата играше за Рома, Реал Мадрид, Милан, Интер, Парма, Сампдорија, се обидуваа да му пронајдат трансфер на Кипар, во Грција, па дури беше понуден како опција и за македонскиот вицепрвак Шкендија, секако, со завидни лични побарувања.

На крајот, Касано ќе игра рекреативен фудбал во Италија и ќе се посвети на семејството.

„Сега ќе бидам исполнителен татко и ќе се трудам да ги завршувам сите семејни обврски. Фудбалот и понатаму ќе го играм поради страст и забава“, изјави Касано за италијанските медиуми.

Се вчитува...