Касано повторно го „пецна“ Роналдо: Другар, време ти е за пензија!

Кристијано Роналдо никако да ја најде натпреварувачката форма сезонава. Откако го изгуби местото првотимец во Манчестер јунајтед, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња не воодушеви ниту во репрезентацијата на Португалија.

Еден од фудбалерите кои немаат баш симпатии кон играта на Португалецот, Антонио Касано му испрати порака на Роналдо велејќи дека веќе му е време за пензија.

„Роналдо треба да си направи услуга и да разбере дека е време за крај. Кога не можеш да играш на врвно ниво, тоа е крај. Освои сè, неверојатен си, но време е да престанеш“, кажа Касано.

Се вчитува...