Касано тресна глупост само за да го навреди Анчелоти!

Антонио Касано, кој заедно со Кристијан Виери води емисија на Бобо ТВ околу актуелните теми во светот на фудбалот, познат е последниот период по своите неконтролирани и контроверзни изјави.

Последен кој се најде на удар на Касано е Карло Анчелоти, искусниот и трофеен стратег кој пред неколку денови се пласираше во своето осмо полуфинале од Лигата на шампионите.

„Реал Мадрид игра лошо, но против ПСЖ а сега и со Челси имаа среќа. Но, среќата порано или покасно ќе заврши. Реал игра катастрофално. Ако ја погледнете Барселона, кај нив е друга приказна. Анчелоти ве прави да се чувствувате подобро, но не може да се сетам на ниту еден играч кој напредувал покрај него“ – рече Касано.

Анчелоти во својата кариера, покрај Реал, беше тренер и на Јувентус, Челси, Баерн и Милан, а беше и на клупата на ПСЖ. И, во секој од тие клубови имаше на располагање извонредни фудбалери. Некои од играчите стигнаа и до Златната топка под палката на Анчелоти како што беше тоа случај со Андреј Шевченко, Кака и Роналдо, па дефинитивно дискутабилни се ставовите на Касано со кои само го навреди еден од најтрофејните тренери во историјата на фудбалот.

Анчелоти во својата кариера има 21 трофеј, од кои три во Лигата на шампионите.

Се вчитува...