Кашемиро: Поголем притисок имам играјќи „каунтер-страјк“, отколку да играм за Реал Мадрид

Бразилскиот фудбалер Кашемиро има друга страст во животот, а тоа се видеоигрите, посебно „каунтер-страјк“ („Counter Strike“). Тој признава дека редовно ја играл играта и учествувал на сцената во еспорт како професионален гејмер.

Касемиро отвори профил преку кој им покажува на фановите како игра на стримовите.

“По отворањето на каналот на „Twitch“, комуникацијата со навивачите многу се подобри, луѓето се поблиску до вас. Тие се поблиску до играчот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Бразил. Ми поставуваат прашања и кога можам, одговарам нив. Понекогаш чувствувам поголем притисок кога играм ‘канутер-страјк’, отколку луѓето да ме гледаат кога играм фудбал на ‘Сантијаго Бернабеу’ пред полни трибини“, вели Кашемиро.

Бразилецот признава дека е срамежлив и дека не се надевал дека ќе ја вклучи камерата и ќе игра игри пред многу луѓе. Тој вели дека многу бразилски фудбалери, вклучувајќи ги Нејмар или Габриел Хесус, исто така ги играат овие видео-игри.

Се вчитува...