Касемиро се збогува со Реал: За 70 милиони евра во Манчестер јунајтед

По лошото отворање на сезоната и двата едноподруго порази во Премиерлигата, Манчестер јунајтед го обновува тимот по што за дури 70 милиони евра го купува договорот на бразилскиот фудбалер од средниот ред на Реал Мадрид, Касемиро.

Реал и дефинитивно се согласи на продажба на 30-годишниот фудбалер, по што веќе познати се сите детали на трансферот кој треба да се заокружи наредниве денови.

Манчестер вкупно ќе плати 70 милиони евра, а Касемири ќе потпише четиригодишен договор со заработка од дури 18 милиони евра по сезона.

Касемири мина десет години во Мадрид каде е од 2013 година, со исклучок на само една сезона која ја мина на позајмица во Порто.

Дебито во дресот на Манчестер јунајтед би можел да го има веќе во понеделник против лутиот ривал Ливерпул во 3. коло од Премиерлигата.

Се вчитува...