„Каша-попара“ во групите Д и Е: Велс ја шокираше Хрватска, па Турција е веќе на ЕП, Полска киксираше со Молдавија (ВИДЕО)

Хрватска доживеа и втор едноподруго пораз во квалификациите за ЕП 2024 по што сериозно си ја искомпликува својата позиција на патот до нов настап на собирот на најдобрите на Стариот континент следната година.

По поразот (0-1) од Турција во Осијек, Хрватите вечерва загубија и на гостувањето од Велс со 2-1, по што сега со Велшаните низ последните две кола ќе се борат за пласман на ЕВРО 2024.

А, таму веќе сигурно е Турција која со 4-0 славеше против Летонија па сега е со шест бода предност во однос на Хрватска и Велс.

Велшаните имаа предност и од 2-0 против „коцкестите“ со головите на Вилсон во 47. и во 60. минута.

Хрватска единствено успеа да го ублажи поразот со погодокот на Пашалиќ во 75. минута.

Велшаните се со предност на табелата во однос на Хрватска поради подобриот меѓусебен скор. Но, Хрватска до крајот има два полесени дуели, против Летонија и против Ерменија, додека Велшаните гостуваат на Турција и ја пречекуваат Ерменија.

Standings provided by Sofascore

И во Групата Е и тоа како компликувана ситуација до крајот на квалификациите откако Полска вечерва киксираше пред своите навивачи против Молдавија, ремизирајќи 1-1.

Молдавците први поведоа со голот на Николаеску во 26. минута, но Свидерски во 53. минута израмни на 1-1.

Полска сега е со само 10 бода, три помалку од водечката Албанија но и натпревар помалку, а Молдавија се останува со шанси за пласман на ЕП 2024.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...