Прекратко траеше авантурата на Паоло Малдини како Техничкки директор во италијанската репрезентација, функција што ја измисли новиот претседател на федерацијата Џовани Малаго, сакајќи да даде поголема автономија на националниот тим.
Рецептот се покажа како катастрофален откако Малдини најпрвин го зеде Леонардо за советник, а потоа двајцата не успеаја да ги убедат двата главни кандидати за нов селектор на Италија, Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола.
Дното сепак беше допрено откако тандемот го избра Андреа Пирло за нов селектор, но наместо потпис и промоција дојде до блокада од федерацијата на чело со Малаго.
Очекувано, Малдини беше бесен и разочаран, што резултираше со поднесување на оставка од функцијата, заедно со Леонардо.
По ваквиот развој на настаните, сега главен фаворит за селекторската функција е Роберто Манчини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
