Кашемиро: Реал не смее да си дозволува такви грешки

Реал Мадрид не успеа да победи на гостувањето кај Леванте откако италијанскиот интернационалец Џампаоло Пацини погоди за 2-2 во 89.минута од натпреварот. Тоа е ново разочарување за „кралевите“ кои веќе се елиминирани од Купот на Шпанија, а во моментот имаат негатива од огромни 18 бода во однос на Барселона.

Бразилскиот играч за врска Кашемиро потенцира дека Реал Мадрид не смее да си дозволува да прави такви грешки на првенствените натпревари и да губи бодови во последните минути.

„Не смееме да си дозволиме да правиме такви грешки. Направивме толку добри работи на мечот со Леванте, но попусто кога две грешки беа доволни за противникот да не казни и да постигне два гола“, изјави Кашемиро.

Се вчитува...