Касилјас ги шокираше поранешните соиграчи: Изгледаш како воз да те прегазил! (ФОТО)

Стоперот на Барселона, Жерар Пике (35) имаше уникатна порака за својот поранешен колега од шпанската репрезентација Икер Касиљас (40). Легендарниот капитен на Реал официјално ја заврши кариерата во летото 2020 година, една година откако доживеа срцев удар на тренингот на Порто и оттогаш не брани.

Касиљас сега на Инстаграм објави фотографија од селото за која доби над 200.000 лајкови, но и многу коментари. Меѓу коментарите се истакна Пике.

„Се чини дека те удри воз“, му напиша Пике на Касиљас, а самиот коментар на дефанзивецот на Барса привлече големо внимание и собра стотици „лајкови“.

Борха Фернандез, поранешниот соиграч на Икер, исто така беше духовит и откри дека на легендарниот голман на Реал Мадрид повеќе не му се потребни филтри за стареење. Славниот голман го бранеше голот на Реал на 725 натпревари, а има и 167 настапи на голот на Шпанија и е втор на листата на шпански фудбалери по бројот на настапи зад Серхио Рамос.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iker Casillas (@ikercasillas)

 

Се вчитува...