Касилјас го надмина и Малдини: Легендарниот голман има најмногу настапи во европските купови

Легендарниот шпански голман Икер Касилјас, кој сега го чува голот на Порто, стана играчот со најмногу настапи во историјата на европските купови. Со вечерашниот настап против Јувентус, тој собра вкупно 175 настапи во европските клупски натпреварувања, надминувајќи го и Паоло Малдини, легендарниот лев бек на Милан.

Касилјас имаше 157 настапи во клупските натпреварувања на УЕФА кога во 2015 година го напушти Реал Мадрид. оттогаш уште 18 пати го носеше и дресот на Порто на европската сцена, стигнувајќи до овој неверојатен рекорд. Паоло Малдини остана со 174 настапи, а еден помалку има Чави Хернандез, поранешниот фудбалер на Барселона, кој сега игра во Катар.

Се вчитува...