Касилјас повторно ги загрижи фановите, легендарниот голман има нови проблеми со срцето!

Легендарниот голман Икер Касилјас има повторно проблеми со срцето. Блиски извори до голманот велат дека Икер е примен во болницата во Мадрид минатата среда (28 април) поради силна болка во градите, а оваа информација загрижи многу негови фанови.

Списанието „Хола“ објави дека Икер додека се забавувал со пријателите забележал како срцето му чука брзо, па веднаш се упатил кон најблиската болница. По бројните тестови, е исклучена можноста Касилјас да има нов срцев удар. Немало потреба биде задржан во болницата и веднаш бил пуштен дома.

Легендарниот голман не се огласи за оваа ситуација. Продолжи со нормални животни активности, но поради сите проблеми со срцето, ќе мора да биде многу внимателен до крајот на животот. Да потсетиме, на 1 мај 2019 година, Икер доживеа срцев удар за време на тренингот на тимот од Порто и беше итно опериран.

Во тој момент, неговата кариера беше завршена. Никогаш не се врати на теренот и беше принуден да се збогува од фудбалот на 37-годишна возраст. Касилјас поголемиот дел од својата богата кариера ја помина во Реал Мадрид. Тој играше за „Кралевите“ од 1999 до 2015 година и со овој клуб освои апсолутно сè.

Касилјас беше број еден во шпанската репрезентација деценија и пол, и освои апсолутно се што можеше со националниот тим.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iker Casillas (@ikercasillas)

Се вчитува...