Каталонија повторно понижена од ПСЖ – Фудбалер доби нов договор само да не замине во Барса

Познато е дека ПСЖ и Барселона не се во добри односи, а сè започна пред неколку години. Имено, „каталонците“ сакаа да го доведат Марко Верати во своите редови пред неколку години, а Италијанецот исто така беше заинтересиран да замине на „Камп Ноу“ кога ќе му истече договорот.

Но, тој се плашел тоа јавно да го каже, а кога челниците на ПСЖ дознаа дека Барселона има план да го донесе Верати бесплатно, сè се смени. Тие го убедија италијанскиот играч за врска да потпише нов договор и значително му ја зголемија платата, а потоа тргнаа во одмазда кон тимот на Батса.

Само една година подоцна, ПСЖ ја активираше клаузулата за откуп на Нејмар и го донесе во Париз за 222 милиони евра, што беше неверојатен удар за Барселона. Сепак, лошите односи меѓу клубовите сè уште не се подобрени, па некако ПСЖ секогаш успева да и зададе удар на Барса. Тоа го сторија и овој пат, а во центарот на вниманието беше левиот бек Хуан Бернат.

Барселона покажа интерес за доведување на Бернат на крајот од сезоната бидејќи му истекува договорот, но сега е јасно дека тоа нема да се случи. Челниците на ПСЖ дознаа дека Бернат е цел на Барса, и сега му понудија нов богат договор што тој го прифати.

Бернат ќе остане во Париз само за да не замине во Барселона, иако тимот од Париз веќе го отпиша.

Се вчитува...