Гирона приреди големо изненадување во 12. коло од Ла Лига откако на гостувањето кај Реал Мадирд со реми од 1-1 стигна до голем бод и и напарави голема услуга на Барселона.
„Кралевите“ долго се мачеа да го скршат отпрот на Гирона, а до гол стингаа до 70. минута кога на одличното додавање на Валверде мрежата ја затресе Вини Џуниор, но славјето на домаќините не траеше долго бидејќи само десет минути подоцна Стуани од белата точка донесе изедначување.
Реал Мадрид напаѓаше до крајот на средбата, успеа во 90. минута преку Родриго да ја затресе мрежата, но ВАР оправдано го поништи голот бидејќи голманот Газанига ја имаше топката во свои раце. Проблем за „кралевите“ беше и црвениот картон на Крос во 92. минута, а без Германецот Реал Мадрид не успеа повторно да се закани.
Со денешното реми Реал Мадрид останува на врвот на табелата во Ла Лига, но сега има само бод повеќе од второпласираната Барселона. Гирона пак со големиот бод излезе од опсасната зона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА