Каталонците го чекаат да ги „воскресне“, но Чави ги откачи: Лажат дека ќе се вратам во Барселона!

Легендарниот фудбалер на Барселона и екс-репрезентативец на Шпанија, Чави и дефинитивно ќе остане во Катар, каде што од 2019 година го предводи Ал Сад.

Чави потпиша договор и ги демантирашре шпекулациите дека постои клаузула според која би можел во секој момент да се врати во Каталонија.

„Заедно постигнавме многу работи, постигнувавме голови, победувавме во многу натпревари. Горди сме на тој успех. Оваа поддршка е нешто најдобро што може тренер да ја добие“, кажа Чави.

Чави кажа дека нема наскоро да се врати во Барселона.

„Не постои таква клаузула. Имам двегодишен договор со Ал Сад и го почитувам, како што ги почитувам и официјалните преговори на сите страни“, вели поранешниот фудбалер на Барселона. 

Се вчитува...