Каталонците за пет дена од херои до лузери

Само пет дена по чудесниот камбек против ПСЖ, фудбалерите на Барселона се посрамотија во рамките од Примера дивизион, губејќи на гостувањето против Ла Коруња со 2-1.

Иако против себе имаа тим од долниот дел на табелата, каталонците целосно потфрлија, воопшто не наликуваа на тимот што во средата го демолираше ПСЖ и сосема заслужено со наведнати глави го напуштија теренот на „Риазор“. Ла Коруња прва поведе во финишот од првото полувреме по несмасните интервенции на Маскерано и на Тер Штеген.

Луис Енрике ја утна работата со тактиката, на стартот од вториот дел ги уфрли Иниеста и Ракитиќ наместо Туран и Гомеш, па веднаш следеше израмнување преку Луис Суарез. Сепак, во моментите кога се очекуваше целосен атак на гостите во обид за победа, Ла Коруња постигна уште еден гол преку Бергантинос, кој скокна над Жорди Алба и го совлада Тер Штеген за фантастична победа на тимот од Галиција над каталонскиот гигант.

Goal HD Deportivo La Coruña 1 0 Barcelona 12… by footgoals1

Luis Suarez Goal – Deportivo La Coruna vs… by Alimirza2975

Alex Bergantinos Goal HD – Deportivo La Coruña… by Highlights-Serie-A

Се вчитува...