Катастрофа на деценијата – Партизан елиминиран во првото коло на Купот на Србија (ВИДЕО)

Партизан доживеа вистинска катастрофа откако денеска беше елиминиран на стартот на најмасовното фудбалско натпреварување во Србија, националниот куп.

„Црно-белите“ испаднаа уште во првото коло со пораз на пенали од Раднички во Сремска Митровица. За катастрофата да биде уште поголема Раднички во пеналите славеше со 2-0, за гостите од Белград не успеаја да постигнат ниту еден гол нереализирајќи дури четири удари од белата точка.

Раднички победи со 2-0 после трилер завршницата во која во 93-та минута од мечот дадоа гол за израмнување и рулет од белата точка. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1-1 и тоа со голот на домаќините во 92. минута.

 

Се вчитува...