Јувентус доби катастрофални вести по првото коло во Серија А и победата над Фросиноне, откако денеска пристигна информацијата за повредата на Кенан Јилдиз.
Најдобриот фудбалер на „старата дама“ се жалеше на болка во стапалото, а деталните прегледи донесоа лоша вест за „црно-белите“, Турчинот ќе мора да замине на операција.
Вообичаената пауза при ваков вид на повреди изнесува два до три месеци, што секако е огромен удар за Јувентус во ситуација кога тимот не доведе премногу засилувања за нападот, па тренерот Спалети ќе има полни раце работа да има успешен старт на новата сезона без својот најдобар играч во тимот.
Повредата ја затвора и вратата за трансфер на Јилдиз во Арсенал, „топчиите“ претходно покажуваа сериозен интерес, се најавуваше и понуда од 100 милиони евра, но Турчинот дефинитивнонема да ги менува клупските бои во овој преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
