КАВАДАРЕЧКА ИСТОРИЈА: Тиквеш е освојувач на Kупот на Македонија! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тиквеш испишаа историја за својот клуб откако го освоија првиот трофеј во Купот на Македонија, со победата над Воска од 2-1 во финалето на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Воведната шанса кавадарчани во првото полувреме ја имаа во 31. минута кога пречката на голот на Захов, ја погоди Спахиу. Тиквеш беше далеку подобар протвник во првиот дел, а само четири минути подоцна избраниците на Мојсов имаа нова шанса, но Луан Силва непрецизно биеше од близина.

И повторно тимот од Кавадарци се закани кон голот на Захов, но во 37. минута и шутот на Нето заврши покрај голот на Воска. Играчката надмоќ конечно Тиквеш ја материјализираше во 41. минута од натпреварот, откако од слободен удар на наверојатен начин стрелаше Кристијан Стојкоски.

Тиквеш продолжи да доминира и во второто полувреме, а одличната игра ја круниа Луан Силва кој зголеми на 2-0 во 60. минута од натпреварот.

Сепак, гостите не се откажуваа, па преку Николче Шаркоски кој најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник по големиот кикс на голманот на Тиквеш Ренер во 77. минута намалија на 2-1.

Воска до крајот тргна на се или ништо, но кавадарчани некако успеаја да се одбранат и да стигнат до конечен триумф од 2-1.

За Тиквеш ова е историски прв трофеј во Националниот куп на Македонија, а следната сезона ќе биде наш претставник во Конференциската лига, каде покрај кавадарчани ќе игра и Шкендија. Македонија во Лигата на шампионите ќе ја претставува Струга ТЛ како шампион на Македонија.

Се вчитува...