Кавани од пенал го откажа Нанси

Фудбалерите на Пари Сен Жермен потешко од очекувањата го совладаа Нанси со 1-0 на „Паркот на принцовите“ и се израмнија на врвот на табелата со Монако со 62 бода. Сепак, „кнезовите“ имаат одиграно еден натпревар помалку од ПСЖ.

Тренерот Унаи Емери репи да одмори дел од првотимците за реваншот против Барселона во Лигата на шампионите, и тоа беше мошне видливо во играта на „светците“. На крајот, сепак успеаја да стигнат до трите бода, со погодокот од пенал што го постигна Единсон Кавани во 80.минута од средбата.

Edinson Cavani (Penalty) Goal HD – Paris SG 1… by Goals_online

Се вчитува...