Кавани пред трансфер во Рајо, Столе Димитриевски добива соиграч од светска класа

Единсон Кавани и дефинитивно ја заврши својата авантура во Манчестер Јунатјед, па веќе размислува за својата иднина. Уругвајскиот напаѓач своите услуги веќе ги понудил на шпанскиот клуб Рајо Ваљекано, пренесува „Марка“.

Главниот проблем за потенцијалниот трансфер на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед во Рајо е платата на 35-годишниот фудбалер, а јасно е дека доколку дојде во Примера ќе заработува значително помалку отколку на „Олд Трафорд“.

Доколку се оствари овој трансфер, македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски и Рајо ќе добијат „убиствен“ тандем, имајќи предвид дека Фалкао е во активен договор со тимот од Мадрид до 2023 година.

Се вчитува...