„Кавгите меѓу Лино и Мојсо се легендарни… Пред првиот меч на Металург во ЛШ така се искараа – хаос, а следниот ден Мојсо најдобар, сам го победи Копер!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, повторно тема е ракометот, наши гости се претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и легендата на овој спорт во Македонија, Филип Миркуловски.

Во момените кога легендарниот хрватски тренер Лино Червар повторно се враќа во македонскиот ракомет, откако е веќе јасно дека од јули ќе го преземе тимот на Е. Пелистер, македонската икона Филип Миркуловски се потсетува во „ПРЕСИНГ“ и на онаа славни денови на Металург, кога со извонреден тим, се избори за прво учество на Македонија во Лигата на шампионите.

Опишувајќи го Лино Червар, Миркуловски вели дека незаборавни и легендарни се неговите караници тогаш со најдобриот ракометар на Металург и македонски репрезентативец, Наумче Мојсоски, кои наспроти жестокоста секогаш некако биле мотивирачки и за двајцата.

„Лино Червар беше посебен човек. Тренер кој знаеше со кого да се скара, а со кого да биде добар. Кавгите меѓу Наумче Мојсоски и Лино беа стварно, едни исклучителни. Незаборавни…“ – низ смеа се потсетува Миркуловски, и веднаш дополнува:

„Прво коло пред Лига на шампиони, прв настап на Металург во Лигата на шампиони, со Копер играме прво коло. За нас е тоа прво искуство во ЛШ, ништо не знаеме како ќе биде, напнатост… И, последен тренинг пред мечот во салата ‘Борис Трајковски’, а пред натпревар се случува таква кавга меѓу Лино и Мојсо да мислиш утре дека нема да сакаат да се видат. Лино седна на трибина, па не сака да го води веќе тренингот, ова – она…, се испослучија работи. Утредента на натпревар Мојсо најдобар играч, сам го победи Копер, а Копер тогаш стварно силна екипа. Така беше тогаш во Металург. Што и да се случеше, тимот никогаш не смееше да трпи. Се беше во функција на тимот. Тимот беше најважен“.

======================================================

ЗАСЛЕДЕТЕ ГО НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ

==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ И СО ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….

Се вчитува...