Казни по финалето: Пелистер ќе ја наполни касата на федерацијата

Раководството на Пелистер ќе треба да плати дури 146.000 денари по најразлични основи на име казна кон КФСМ за односот на играчите, клупата и навивачите за време на финалната серија против МЗТ Скопје.

Битолчани ќе треба да платат за техничките грешки на играчите, тренерот и клупата, за навредите кон претседателот Перо Антиќ, за плукањето кон противничките кошаркари за време на вториот меч во Битола, па дури и за „дрес-кодот“ на тренерот Илиевски.

На спротивната страна, МЗТ Скопје за финалната серија ќе треба да плати нешто повеќе од 30.000 денари, најголем дел од нив (24.000 денари) за фрлање на тврди предмети на теренот за време на третиот меч од финалната серија.

Се вчитува...