Казорла со гол се врати во репрезентацијата на Шпанија, Шведска чекираше билет за ЕП (ВИДЕО)

Санти Казорла имаше враќање од соништата во дресот на репрезентацијата на Шпанија, бидејќи се запиша во листата на стрелците во убедливата победа над Малта од 6-0. Покрај Казорла во листата на стрелци за „црвената-фурија“ се запишаа и Мората, Торес, Сарабија, Олмо, Морено и Хесус Навас.

Шведска и се приклучи на Шпанија како втор патник на ЕВРО 2020 од групата Ф, откако на гости славеше кај директниот конкурент за второто место Романија со 0-2. Берг во 18. и Касон во 34. го трасираа патот на Шведска меѓу 24 најдобри репрезентации на стариот континент.

 

Се вчитува...